Проектот е реализиран од:

Граѓанска Асоцијација МОСТ



Изборна кампања

Oткако ДИК ќе ја прифати кандидатурата, кандидатите имаат право да организираат изборна кампања. Организаторите на изборната кампања имаат еднакви права и можат под исти услови да ги употребуваат сите форми на политичка пропаганда и информирање.

ДЕФИНИЦИЈА НА ИЗБОРНА КАМПАЊА!

Изборната кампања е дефинирана во Изборниот законик, а претставува јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на организаторот на кампањата, јавно истакнување на плакати, изборно медиумско претставување и дистрибуирање на печатени материјали.
Изборната кампања започнува 20 дена пред изборниот ден, а завршува 24 часа пред денот на изборите.

Кандидатите одржуваат митинзи, средби со граѓаните, дистрибуираат флаери, плакати со цел да им ја презентираат и доближат својата програма на граѓаните и да освојат поголем број гласови.

Дел од средствата за изборната кампања доаѓаат од буџетот на државата, што значи дека трошат пари од даночните обврзници.

ЗОШТО Е ЗНАЧАЈНА?
Затоа што ти овозможува да ги запознаеш кандидатите кои во наредните години ќе ги застапуваат твоите интереси, како и нивните програми и планови за работа.