Kандидати се граѓани кои ќе учествуваат во изборната трка.
Кандидатите може да бидат поддржани и предложени од некоја политичка партија или од коалиција на повеќе политички партии. Исто така, кандидатите може да бидат и независни доколку нив ги поддржат одреден број граѓани, односно група избирачи, при што е потребно да се соберат одреден број на потписи. Собирањето на потписите се врши пред службените лица на Државната изборна комисија на пропишан образец.
Кандидатите ја поднесуваат својата кандидатура до Државната изборна комисија, која што во одреден рок треба да биде прифатена или отфрлена.
