Изборната администрација е термин што се употребува за означување на збирот на органите за спроведување на изборите и на органите на државната управа кои што учествуваат во изборниот процес.
Тие се грижат за регуларноста на изборите, за почитување на роковите во кои што треба да се спроведат изборните активности, ги печатат гласачките ливчиња, ги пребројуваат гласовите и ги објавуваат резултатите. Тоа се:
• Државна изборна комисија (ДИК)
• Општинска изборна комисија (ОИК)
• Изборна комисија на град Скопје
• Избирачки одбори (ИО)
• Избирачки одбори во дипломатско конзуларните претставништва на РМ
Работата на сите изборни органи е ЈАВНА! Право на присуство имаат овластените претставници на подносителите на листи и акредитираните набљудувачи.
Ова се основните нешта кои што треба да се знаат пред да се излезе на избори.
Сега е важно да се разбере суштината на изборниот процес.
