Избирачки список

Граѓаните кои имаат избирачко право се запишуваат во Избирачкиот список (ИС).
Избирачкиот список е јавен документ во кој се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години и се деловно способни. Сите граѓани откако ќе наполнат 18 години треба да бидат запишани во ИС.

Твоите податоци во ИС се заштитени и неможе да бидат злоупотребени.

Заклучно од 1-ви септември 2009 година надлежен орган за водење на ИС е Државната Изборна Комисија. До тогаш Министерството за правда го водеше ИС. ДИК врши запишување, дополнување и бришење на податоците на граѓани во списокот ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ врз основа на податоци од матичните книги, евиденција за живеалиште и за државјанство на РМ, други евиденции и со непосредно проверување на граѓаните. Начини на проверка на податоците во ИС:
- со непосредна проверка која се врши во подрачните единици на Државната изборна комисија;
- на интернет страната www.izbirackispisok.gov.mk.

Граѓанинот може во ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА ГОДИНА да бара да изврши увид во своите податоци во Избирачкиот список. Истото може да го стори и за членовите на потесното семејство, со нивно одобрение и нивна лична карта или патна исправа, пасош.
10 денови откако ќе бидат распишани изборите ИС се става на јавен увид во подрачните единици на Државната Изборна Комисија.

За да можеш да гласаш мора да бидеш запишан во Избирачкиот список.

Искористи го своето право да извршиш проверка на податоците во ИС.
Доколку твоето име не е во ИС, пополни барање за запишување во истиот. Притоа, мора да приложиш и лична карта или патна исправа – пасош.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Кликни и провери се