Изборен модел

ИЗБОРЕН МОДЕЛ

Изборниот модел е збир на правила со кои што се одредува начинот и постапката на претворањето на гласовите во мандати, односно во претставнички места.
Постојат два вида изборни модели: пропорционален и мнозински.

МНОЗИНСКИ МОДЕЛ

Kога се применува мнозинскиот изборен модел, оној кандидат што ќе освои најмногу гласови го добива мандатот.
Гласачот го дава својот глас за еден од утврдените кандидати што се наоѓаат на гласачкото ливче. Доколку во првиот изборен круг ниеден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, ќе се одржи втор изборен круг на кој учествуваат двајца кандидати кои освоиле најмногу гласови.
Во Р Македонија мнозинскиот изборен модел се применува при изборот на Претседател на Републиката и при избор на градоначалници на општините.

ПРОПОРЦИОНАЛЕН МОДЕЛ

Kога се применува пропорционалниот изборен модел, кандидатите или политичките партии кои добиле најмногу гласови учествуваат во распределбата на мандатите.
Во овој случај гласачот гласа за листа на кандидати (листа на политичка партија, коалиција или независни кандидати). Значи, кандидатите добиваат онолку мандати колку што добила гласови нивната предложена листа.
Во случај некое пратеничко место да се испразни, истото се пополнува со друго лице кое се наоѓа на листата.
Во Р Македонија пропорционалниот изборен модел се применува при избор на пратеници во собранието на Република Македонија и при избор на советници во општините.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Кликни и провери се