Локални избори

Правото на граѓаните на локалната самоуправа се остварува преку локалните претставнички тела – Совети на општините, што се составени од претставници на граѓаните кои се избираат на локалните избори.

Покрај советниците во општиниските совети, на локалните избори се избираат и градоначалници.

Исклучок од ова е градот Скопје, кој има двостепена локална самоуправа регулирана со посебен закон, каде што граѓаните избираат и свои претставници во Советот на градот, во кој влегуваат повеќе општини, и градоначалник на градот.

Според тоа, општините и градот Скопје се единици на локалната самоуправа кои извршуваат дејности што се од локален интерес на граѓаните кои живеат во таа општина: просторно и урбанистичко планирање, комунални дејности, уредување на просторот, култура, образование итн.

Значи во претставничките тела на сите нивоа на власт граѓаните избираат свои претставници, кои што треба да ги заштитуваат нивните интереси, треба да решаваат во име на граѓаните со што ја одредуваат иднината на државата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Кликни и провери се