Парламентарни избори

На парламентарните избори ги избираме своите претставници во Собранието на Република Македонија. Пратеникот што го избираме може да биде предложен од некоја политичка партија, но може да биде и независен кандидат доколку неговата кандидатура ја поддржат одреден број граѓани.

Собранието ја има законодавната власт во РМ, односно Собранието ги донесува законите.

Закон може да предложи секој пратеник во Собранието на РМ, Владата на РМ и 10000 граѓани.

Собранието ја избира Владата на РМ, односно извршната власт, на која и го доверува спроведувањето на законите, но тоа е и одговорно за контролирање на работата на Владата.

Во Собранието на РМ се избираат 123 пратеници, според пропорционалниот модел, на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање.

Во РМ со закон утврдени се девет изборни единици, од кои што од шест изборни единици кои се наоѓаат на територијата на РМ се избираат по 20 пратеници, а 3 пратеници се избираат од трите изборни единици надвор од територијата на РМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Кликни и провери се