Проектот е реализиран од:

Граѓанска Асоцијација МОСТ



Избирачко право

Tвоето право да излезеш на избори и да гласаш е гарантирано со член 22 од Уставот на Република Македонија, каде што е наведено:

“Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право“.

Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Ова значи дека избирачкото право го имаат сите граѓани на РМ и може да го користат под еднакви услови.

Избирачкото право се состои од:

1. Активно избирачко право – право да избираш

2. Пасивно избирачко право – право да бидеш избран

Избирачко право немаат лица на кои им е одземена деловната способност.

Право да избира и да биде избран има секој:

- државјанин на РМ;

- со навршени 18 години старост;

- кој стекнал деловна способност;

- кој е со постојано живеалиште во Изборната единица, општината, односно градот Скопје каде што се врши изборот.

Кандидатот за Претседател на РМ треба да исполнува посебни услови предвидени со Уставот.