Иницијативата за едукација на младите гласачи продолжува преку формалниот образовен систем

DSC_8329

Граѓанската асоцијација МОСТ започна со реализација на работилници за наставниците од средните училишта кои ја предаваат наставната програма „Образование на животни вештини“. Овие работилници се завршна фаза од проектот „Активни за демократија“, кој започна да се спроведува на почетокот на оваа година, а чија цел е придонес кон зајакнување на капацитетите на младите преку промоција на нивните права и слободи поврзани со изборите, како и промоција на потребата од активно учество во демократските процеси.DSC_8305 Проектот исто така е насочен и кон зајакнување на капацитетите на формалното образование преку креирање на дополнителен прирачник наменет за професорите од средните училишта. Согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Граѓанската асоцијација МОСТ, прирачникот „Активни за демократија-Гласаме“ е подготвен и одбрен да се користи како дополнителен материјал при обработка на теми поврзани со изборите и активното граѓанство во рамките на програмата „Образование за животни вештини“. DSC_8332 До сега се одржани работилници во средните училишта во неколку града низ државата, на кои присуствуваа повеќе од 100 професори. Работилниците ќе се одржуваат до крајот на јануари 2014 година. Сите заинтересирани училишта сеуште можат да се пријават преку контакт телефоните на МОСТ 02/30 99 384 и 30 99 385.

Кликни и провери се