Завршни настани на кампањата “Вклучи се, ако си исклучен”

PicMonkey Collage

Оваа недела кампањата “Вклучи се, ако си исклучен!” продолжува со организирање на отворени настани во неколку градови во Источна Македонија.
Настаните ќе бидат организирани на следните локации:
• Велес – 22 октомври, 12 часот пред гимназијата Кочо Рацин
• Штип – 24 октомври, 13 часот пред НАМА
• Крива Паланка – 25 октомври , 12 часот пред ДТВ Партизан
• Кочани – 26 октомври, 12 часот трговски центар пред Т-Мобиле
На самите настани младите ќе можат да добијат материјали преку кои ќе можат се информираат и да ги прошират своите знаење за изборите, за кои се предностите да се биде активен граѓанин и како тие можат да се вклучат во демократските процеси во земјата.
Во рамките на кампањата “Вклучи се, ако си исклучен!” која стартуваше на 15 септември, како симболично одбележување на Меѓународниот ден на демократија, до сега беа организирани вкупно 15 отворени настани во 14 града низ државата вклучувајќи го и градот Скопје.
Настаните беа посетени од страна на повеќе од 3500 заинтересирани млади, кои се информираа и ги проширија своите знаења за тоа како да се биде активен граѓанин.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).