Продолжува караванот на кампањата “Вклучи се, ако си исклучен”

aktivnizademokratija

Кампањата “Вклучи се, ако си исклучен” го продолжува својот караван во останатите градови низ републиката. Оваа недела ќе бидат организирани настани во 5 града со цел да се опфатат што повеќе млади кои ќе се информираат за тоа кои се предностите да се биде активен граѓанин.

Настаните ќе се одржат на следните локации:

- Битола, 15 октомври, 11 часот Широк Сокак (пред Веро)
- Кичево, 16 октомври, 12 часот пред Домот на култура
- Струмица, 17 октомври, 12 часот пред Глобал
- Струга, 17 октомври, 11 часот – шеталиштето во Струга
- Куманово, 18 октомври, 12 часот плоштад (споменик Батко Ѓорѓија)

Преку кампањата “Вклучи се, ако си исклучен!” која стартуваше на 15 септември, како симболично одбележување на Меѓународниот ден на демократија, до сега беа организирани вкупно 10 отворени настани во 9 града низ државата вклучувајќи го и градот Скопје.

Настаните беа посетени од страна на повеќе од 2500 заинтересирани млади, кои се информираа и ги проширија своите знаења за тоа како да се биде активен граѓанин.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).