Меѓународен ден на Демократија

E58229E1CFE07A44A0AEBCD87F5827D2

Граѓанската Асоцијација МОСТ во рамките на проектот Активни за Демократија, по повод Меѓународниот ден на Демократијата кој се одбележува секоја година, на 15ти септември ќе организира отворен настан за младите во 5 градови низ Република Македонија – Скопје, Тетово, Охрид, Гевгелија и Прилеп. Имено, отворените настани ќе се спроведуваат во духот на активни граѓани и ќе обезбедат можности за младите и понатаму да ги прошират своите знаења за предностите да се биде активен граѓанин и да се учествува во креирањето на политики и донесување на одлуки. Настаните, исто така, ќе бидат средство за воспоставување на директна комуникација со младите. Планирано е да се одржат 20 настани низ целата земја.

Отворен настан во 5 градови низ Република Македонија:

Скопје – Луна Парк, 11 часот

Тетово – Пицерија Форум, 13:30 часот

Охрид – Пред чинарот, 18 часот

Гевгелија – Тедико (шеталиште), 17 часот

Прилеп – Плоштад, 12 часот AD_Poster

Кликни и провери се